За нас

„Президент“ ДОО Струмица е формирана и постои од 1994 година на овие простори. Главната дејност е продажба на теписи, патеки, завеси, драпери односно секаков вид на подни и зидни облоги поврзани со Вашиот дом.

Инаку, ние сме директни увозници на висококвалитетни материјали за драпери, завеси, материјали за прекривачи, покривки за маса, аксесоари и друго.

Увезуваме и теписи, патеки, теписони.

„Президент“ ДОО Струмица е ексклузивен застапник за Источна Македонија на теписите од познатата светска фирма „Меринос“.

Освен горенаведените материјали, завеси и теписи, ние Ви предлагаме комплетно обслужување, совети и целосни ентериерни решенија кои што Ви гарантираат најдобар одговор на Вашите потреби, стил и желби.